Невработеноста во Грција надмина 25 отсто

Стапката на невработеност во Грција надмина на крајот на јули 25 отсто, одразувајќи ги последиците од тешката финансиска криза, која речиси цели четири години ги уништува работните места.

Поред податоците на грчкиот завод за статистика објавени во четвртокот, стапката на невработеност во јули скокнала на 25,1 отсто, од 24,8, колку што изнесуваше во јуни.

Во минатогодишниот јули, стапката на невработеност во Грција изнесуваше 17,8 отсто.

Најтешко е погодена младата популација, при што стапката на невработеност на лицата под 24 години изнесува 54,2 отсто.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: