Почина научникот Кит Кемпбел, кој ја клонираше овцата Доли

Британскиот научник Кит Кемпбел, кој учествуваше во првиот експеримент за клонирање на животни од клетки на возрасно животно што резултираше со раѓањето на овцата Доли, починал во Велика Британија на 59-годишна возраст, јави во четвртокот Associated Press.

Според претставник на Универзитетот Нотингем, каде што работеше научникот до последните денови од својот живот, Кит Кемпбел починал уште минатиот петок. Причината за неговата смрт не е соопштена.

Кемпбел почна да се занимава со истражувања во областа на клонирањето уште во 1991 година. Во 1996 година, Кемпбел и неговиот колега Јан Вилмут првпат изведоа експеримент за клонирање на животни од клетки на возрасен примерок по што на 5-ти јули 1996 година на светот му беше претставена овцата Доли.

Во 2003 година, светски славната Доли беше успиена. Причината беше прогресивен рак на белите дробови, предизвикан од вирус. Доли проживеа 6,5 години.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: