Тинејџер го заложил накитот на мајка си за да посети бордел

Четиринаесетгодишно момче од Германија го зел накитот од својата мајка, вреден од 2.000 до 3.000 евра и го заложил за да добие 300 евра, кои ги искористил заедно се еден другар да посетат бордел, соопшти германската полиција.

Револтираната мајка најави дека ќе поднесе тужба против својот син, кој признал дека го заложил накитот за да може да ги плати услугите на една проститутка.

„Не знаеме кои се мотивите на мајката да поднесе тужба против својот син. Можно е да сака да му даде лекција, или пак можеби ја загубила контролата“, изјави полицискиот портпарол, Ралф Минет.

Полицијата истражува како успеле тинејџерите да посетат бордел, со оглед на законот, кој според кој проституцијата во Германија е легална, но за лица над 18 години.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: