Селекторот на Хрватската фудбалска репрезентација, Игор Штимац, изјави дека натпреварот во Скопје очигледно дека ќе биде потешка задача отколку натпреварот што Хрватската селекција го одигра против Белгија на гости со резултат 1-1.
„Знаеме што не очекува во Скопје, и се надевам дека моите фудбалери ќе се прилагодат на вистински начин. Мислам дека ова гостување за нас е тешко, па дури потешко отколку гостувањето во Белгија. Сепак, презадоволен сум со работата, мотивацијата и однесувањето на моите играчи, што е одличен предуслов за успех на овој дуел“ изјави Штимац.
Пронајдете не на следниве мрежи: