Топ 10 најопасни градови во светот

10.Caracas, Venezuela

Caracas, е град кој изобилува со злосторства и трговија на дрога.Во овој град грабежот сред бел ден претставува секојдневна појава, а полицијта има многу малку конторла врз криминалот.Ѓраѓаните за тоа ја обвинуваат владата  и бараат поголема заштита во сите градови на Венецуела. 

 

 

9. Mogadishu, Somalia

Главниот град на Сомалија е сеуште во криза од  цивилната војна која го раздвои градот од државата. Поради граѓанската војна огромен број на граѓани го напуштија градот а зад себе  ги оставија рушевините. Точни статистички податоци за криминалот е не возможно да се добијат.Mogadishu е град кој изобилува со разбојници. 

 

 

8. Rio de Janeiro, Brazil

Рио де Женеиро е атрактивна туристичка дестинација која изобилува со фантастични плажи и убави пејсажи, меѓутоа не смеете да се опуштите и да се чуствувате сигурни.Овој град  изобилува со сиромашни квартови, области каде што населението живее во сиромаштија. На туристите и патниците им се препорачува да се држат што подалеку од планинските и сиромашните области на градот, особено во текот на ноќта.

 

7. Grozny, Chechnya, Russia

Во средината на 90те години започна конфлик помеѓу Чеченија и Русија.По овој хаос кој заврши во 2006 година, овој град станува опасно место каде владее организираниот криминал. 

 

 

6. Ciudad Juarez, Mexico

Ciudad Juarez e град на наркокартелите, тој е означен како најнасилните места во светот  а полицијата е една од најкорумпираните во светот.Вината за оваа насилство и криминал често и се препишува на Мексиканскаа влада . 

 

 

5. Bogota, Colombia

Главен проблем во Богота е трговијата со дрога и екстремистичките политички групи кој протестираат против колумбиската влада, но за среќа има некои подобрувања од 90те.На северната страна на градот е апсолутно побезбедно за разлика од јужните региони.Богоа е одлична туристичка дестинација каде може многу да се види, меѓутоа мора да бидете многу внимателни и да не се одалечувате од сигурните региони. 

 

4. Baghdad, Iraq

Багдад страда од многу нестабилна политичка клима.Градот е уништен од страна на бомбашките напади, а улиците се полни со насилство. По инвазијата на САД во 2003 година низ градот дополнително ескалираше насилство. 

 

 

3. Guatemala City, Guatemala

Цела Гватамела е опфатена со криминал, поради корумпираните полициски сили, кои воопшто не се опремени да се справат со изобилството на криминални активности.Најголем е проблемот помеѓу сиромашните и богатите.

 

 

2. San Pedro Sula, Honduras

Овој град во Кондурас има една од највисоките стапки на убиства во светот и се смета дури и за поопасна од областите на Ирак и Авганистан.Грабежот е неконторлиран проблем во оваа област и секој мора да носи оружје како еден вид на заштита.Дури и мали спорови често се решаваат со убиство. 

 

 

1.Cape Town, South Africa

Додека Кејптаун е голема  туристичка атракција, и претставува град каде што има што да се види,тој има исклучителна висока стапка на криминал, и одењето на погрешни места во погрешно време може да ве вовлече во сериозни проблеми.Разликата во економските класи е главен фактор за криминалните активности и грабежите.На туристите им се препорачува да шетатат исклучиво по осветелени уици, а при користење на банкоматите да бидат особено внимателни .

 

Aмеба која го јаде мозокот убива во Пакистан

Fаcebook и Twitter поинтересни од сексот

Алкохолна пица: Да, таа постои!

Пронајдете не на следниве мрежи: