Најпосакуваните машки квалитети

Згоден тип е веројатно сонот на секоја девојка. Кога тоа би го искомбинирале со шарм и добра смисла за хумор, дури и финансиска стабилност (не е нужно, но добро би дошло), го добивате совршениот маж. Многу девојки, не остануваат само на тие квалитети. Порано или подоцна сите бараат и нешто повеќе од овие површни квалитети. Веројатно оваа статија би требало да ја погледнат поголем број на мажи за да ги разберат жените…

1. Верност

Доколку и понудите избор на една девојка, да има машко покрај себе кое би изгледало како Аполон а е склон кон изневерувања, и маж кој не изгледа толку добро но не 'шара' наоколу, најголемиот дел на жени би го одбрале ова второто. Добар изглед и bad boy став се интересни некое време, но колку девојките се позрели, толку помалку паѓаат на вакви површни квалитети. 

2. Одговорност

Ниту една девојка не ужива во друштво на неодговорен маж. Без разлика дали станува збор за некаква обврска која мора да ја исполнат, роденден на кој треба да се сетат, жените подобро се чувствуваат покрај маж на кој може во секое време да сметаат. 

3. Љубезност

Маж кој е безобразен спрема келнер, би бил безобразен и спрема девојките. За нив многу е важен впечатокот кој мажите го оставаат при комуникација со други луѓе. Маж кој е љубезен спрема луѓе од кои не очекува ништо е маж кој вреди да го задржите.

4. Морален интегритет

Маж кој не се плаши да ја каже вистината и постапува онака како што е исправно, односно онака како што тој самиот смета дека треба, не се води само од советите на своите пријатели е маж кој никогаш нема да разочара жена. Можеби вистината која ја кажува во тој момент ќе ја разочара жената, но сепак секоја вистина е подобра од било каква лага. 

5. Татковски инстинкт

Секоја жена, свесно или несвесно проценува каков татко би бил нејзиниот избраник. Токму затоа голем број од девојките 'се топат' при глетката на нивниот партнер со деца. Начинот на кој тој се однесува спрема децата, начинот на кој размислува и говори за нив за една девојка значат многу. Доколку им делуваат како да не сакаат деца, тие девојки можеби несвесно но полека се одалечуваат од тие мажи. 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Дали ке ви биде верен?

На кои делови од машкото тело жените се палат најмногу?

Мажи кои жените ги обожаваат

Пронајдете не на следниве мрежи: