Што мисли Роберт Патинсон за жените?

Најпосакуваниот и најсекси мажот на планетава (прогласен од голем број на списанија), смета дека е многу тешко да ги разберете жените. Глумецот до неодамна беше под притисок за скандалот кој го направи неговата девојка Кристен кога беше видена во страсни бакнежи со режисерот на нејзинот последен филм. Сите фанови, беа во паника и стрес дека совршената двојка од Twilight ќе исчезне. Во мошне незгодно интервју во кое бил Роберт Патинсон, тој изјавил неколку работи за жените, со кои многу мажи би се согласиле. Имено, тој многу повеќе би сакал да има машко дете, отколку женско бидејќи машките деца се многу помалку комплицирани. За жените тој кажува дека тие доаѓаат со упатство за употреба од 800 страни, напишано на кинески јазик, кои дури и кога би ги знаел, ќе се најдат неколку глави кои не ги знаеш, па ќе мора да импровизираш. 

 

Улогата во Twilight иако му донесе невидена светска слава, сепак тој смета дека цената што ја плаќа за таа слава не се исплати ни најмалце. Иако таа улога му го подобрила животот, тој смета дека со тоа тој го изгубил она што најмногу му значело…неговата слобода! За него таа цена на слава е превисока. Тој вели дека сега кога снимањето е конечно завршено, голем товар му е олеснет. Дали оваа улога е последна успешна улога за него? Тој смета дека доколку е тоа така, него тоа не би му пречело, доволно е да го работи само тоа што го сака, без да плаќа никаква цена за него. 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Внимателно со пораките после првиот состанок!

Дали ке ви биде верен?

 

Пронајдете не на следниве мрежи: