Мажите знаат да бидат прекрасни, знаат така да ги соборат жените на колена, со мали нешта да тие би биле спремни да не ги менуваат за ништо на светот. Постојат неколку мали женски тајни кои мажите ги знаат за жените, но одлучуваат да не ги споменат.
1. Не изгледаме феноменално наутро
Сите знаеме дека е невозможно да изгледаме свежо и прекрасно наутро, но голем број на жени тоа го одбиваат. Одењето веднаш до тоалет, поправање на косата, малку коректор под очите и работата е средена и изгледате како да сте се разбудиле директно од козметички салон. Мажите во такви ситуации знаат што се случува, но одлучуваат дека е подоброда не го изговорат тоа, туку да ви доделат комплименти.
2. Го испробуваме вашето презиме
Оваа навика е вродена кај секоја жена. На ливче ќе го напишеме своето име и ќе го додадеме вашето презиме и размислуваме дали си одговараме. Можеби се чини чудно, но тоа не е ништо лошо. Навистина понекогаш не ни се допаѓа комбинацијата па размислуваме дали сме добар пар или не, но тоа е се пролазна работа. Од мажите очекуваме тие да се прават дека не знаат зашто го пишуваме нивното презиме…
3. Ги пратиме вашите поранешни девојки на facebook
Човечката љубопитност е сосема нормална, а постоењето на друштвени мрежи како што се facebook и слично, многу ни ја олеснуваат таа потреба. Можеби изгледаме како ненормални, но ние всушност ги испитуваме карактеристиките на нашите 'непријатели'. Ова истражување може да биде корисно, бидејќи така би дознале што тој сака, што не…
4. Смислуваме пораки со саати
Во ред, можеби не со саати, но пораката која ја добивате од вашата девојка верувајте дека е мислена и уредувана со многу внимание и многу потрошено време. Тоа за девојките денес стана научна дисциплина. Исто така пораките кои ги добивате, голем дел се консултирани со пријателките.
5. Немаме природно мека кожа
Влакнести нозе, пазуви, некои делови на лицето, сува кожа на лактите или петиците…ретко која жена е благословена со совршена кожа, но најчесто многу од нас посветуваат многу време за да изгледаме средено и убаво само за нашите мажи. Сепак никоја од нас никогаш нема да му признае на дечкото дека поминува саати во тоалет за да ги отстрани сите докази дека е човечко суштество.
Погледнете ги и следниве статии:
7 факти за изневерувањето!
Прашањата кои ве мачеа за мажите: одговорени токму од нив!
Митови за љубовта кои ни го згорчуваат животот
Пронајдете не на следниве мрежи: