Штимац оди на победа во Скопје, суди Данецот Расмусен

Хрватската фудбалска репрезентација во четвртокот навечер го одработи последниот тренинг на арната „Фили II Македонски” каде што во петок ќе се соочи со селекцијата на Македонија во квалификациите за мундијалот што ќе се одржи во 2014 година.

Хрватските фудбалери се запознаа со теренот и имаа полесен тренинг што е рутина во пресрет на денот на одржувањето на натпреварот. За медиумите тренингот беше отворен само во првите 15 минути, по што новинарите беа отстранети од стадионот.

„Дојдовме по победа, бидејќи сметам дека сме подобри. Нé радува атмосферата и полниот стадион кој нé очекува”, нагласи хрватскиот селектор Игор Штимац .

Одби да го соопшти составот кој ќе го започне дулето во петок во 20.30 часот, кој е важен и за двете селекции во натамошните квалификации за светското фудбалско првенство.

Мечот Македонија – Хрватска ќе го суди 37-годишниот арбитер од Данска, Петер Расмусен. Него го сметаат за вистински наследник на реномираните дански фудбалски судии Клаус Бо Ларсен и Ким Милтон Ниелсен. Вкупно судел 46 меѓународни натпревари на кои досудил 11 удари од белата точка, и покажал шест црвени и 107 жолти картони.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: