Селекцијата на Бразил на пријателскиот меч со Иран постигна дури 6 погодоци, целосно го демолираа противникот, посебно се истакна Оскар со два гола на овој натпревар.
Оскар го отвори натпреварот во 22-рата минута, за 5 минути подоцна повторно стрелаше, овој пат за 2-0. Тоа беше резултатот од првиот дел, 2-0 за селекцијата на Бразил.
Во вториот дел од мечот, Кака го продолжи гол-шоуто на Бразил постигнувајќи погодок во 48-мата минута од мечот.
Хулк во 56-тата минута зголеми на 4-0, Нејмар во 75-тата минута на 5-0, а конечните 6-0 ги постави Лукас Моура во 80-тата минута од мечот.
Натпреварот се играше во Шведска на стадионот „Сведбанк“ (Малме).
Пронајдете не на следниве мрежи: