Доставувач на пица убиен поради доцнење

Доставувач на пица е убиен во централниот дел на Мексико од гневен муштерија кој чекал на својата храна 40 минути, објавија во четвртокот, објавија  официјални полициски извори. 

 

Телото на жртвата било пронајдено во местото Тетла де Солидад, 140 километри источно од главниот град на Мексико. Првите елементи од истрагата откриле дека доставувачот на италијанскиот специјалитет последниот пат бил виден во саботата навечер кога отишол во доцна испорака. 

 

Во домот на муштеријата кој во саботата навечер нарачал пица  на чија адреса заминал несреќниот доставувач , истражителите наишле на отпор од осомничениот кој удрил еден од полицајците кога овој го пронашол мотоциклот на исчезнатиот доставувач.

 

Муштеријата, 22-годишно момче, потоа признал дека го удрил и пет часа со помош на својата девојка го држел затворен доставувачот. 

 

Во моментот кога доставувачот се обидел да избегне, муштеријата го избодел со нож, потоа телото на жртвата го фрлил на блискиот напуштен терен.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: