За месец дена, германскиот Volkswagen ќе започне со првите испораки на седмата генерација Golf во Германија и во другите Европски држави, каде што нарачувањето се изврши претходниот месец.
Гигантот од Volfsburg не губи време, и поради тоа ја збогати понудата со три нови бензиски агрегати, 4Motion погон на сите четири тркала и нов систем за помош во текот на возењето „Driver Assistance Pack“.
Новите мотори нудат 1.2 – литарски TSI со BlueMotion технологија и 104 КС, 1.4 – литарски TSI со BlueMotion технологија и 120 КС, како и 1.4 – литарскиот TSI со BlueMotion технологија со 138 КС.
Пронајдете не на следниве мрежи: