четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џиновско око најдено на плажа во Флорида

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откривањето на енормно големо око на плажа во Јужна Флорида го покрена прашањето на какво суштество му припаѓа.

Мистериозното око е најдено на плажата Помпано, во среда, и е однесено во Комисијата за конзервација на риби и див свет на Флорида за понатамошно испитување.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Карли Сеглсон, портпарол на агенцијата, вели дека окото е малку поголемо од безбол топче и се претпоставува дека му припаѓа на морско животно.

„Се надеваме дека ќе откриеме на кој вид припаѓа, но во овој момент не знаеме“, вели Сеглсон.

Окото е сочувано и ќе биде испратено во истражувачката лабораторија на агенцијата во Санкт Петерсбург, каде се надеваат дека ќе биде идентифицирано.

Во меѓувреме, луѓето покренаа многубројни прашања.

Можеби најдоброто доаѓа од Џорџ Баргес од Музејот за природна историја на Флорида, кој сугерира дека окото и припаѓа на големооката ајкула. Тој вид е најден во длабоките води на Флорида, а се уште не е именувана.

По фејсбук се појавија други сугестии, па така, некои сметаат дека се работи за око на кит, џиновска сипа, а некои велат и дека џиновска сипа успеала да го откорне окото на некој кит.

Според Сегелсон ќе поминат неколку дена пред да се направи идентификацијата на окото.

Макфакс

Поврзани вести