Уапсени седум британски војници за убиство

Британската воена полиција уапсила седум војници поради сомневање дека извршиле убиство, соопшти во четвртокот навечер министерството за одбрана  во Лондон со напомена дека обвинението е во врска со случај од минатата година во Авганистан.

„Кралската воена полиција уапси седум припадници на кралските маринци поради сомневање дека извршиле убиство. Апсењата се поврзани со инцидент во Авганистан од 2011 година. Инцидентот следеше по судир со бунтовник, во тоа не биле вмешани цивили“, соопшти британското министерство за одбрана не изложувајќи дополнителни детали за случајот.

Односите меѓу припадниците на националните контингенти на западните сили во составот на меѓународната коалиција во Авганистан и тамошното цивилно население беа влошени по запалувањето на муслиманската свете книга Куранот во една од базите на сојузничките сили, и откако еден американски војни во март уби 16 цивили.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: