Македонија ante portas ЕУ

По добивањето на последниот извештај за Македонија од страна на европската комисија, не е преамбициозно да се каже дека сме пред портите на ЕУ.

Добивме најпозитивен извештај и можеме да се чувствуваме задоволни како држава затоа што надворешно-политичката стратегија ни дава резултат. Многумина сметаа, говореа, оговараа дека обраќањето на Меѓународниот суд во Хаг само ќе ни биде баласт и предлагаа да имаме свиткана кичма/р'бет (како сакате) за да се протнеме некако под пречката. Не ни сватија дека пречката треба да се прескокне. Оти и симболиката на пречката е да се прескокне а не да се премине под неа.

Сега, како производ на оваа добро смислена/осмислена стратегија имаме пресуда во Хаг, свесна меѓународна заедница дека сме неправедно блокирани во нашите напори да се придружиме и допринесеме во ЕУ и НАТО, и имаме најдобар извештај од Комисијата.

Од друга страна, што е можеби и најважно имаме препорака, што би рекол е блиску до преседан, да се примени моделот на преговори Хрватска-Словенија. Преседан затоа што и за тоа и од надвои и внатре ни велеа дека е неприменлив, истовремено потсмевајќи му се на претседателот на државата Иванов кога на истиот инсистираше. 

Значи, имаме чиста позиција. Верифициран напредок на реформите, вратена придавка МАКЕДОНСКИ, препорака за почеток на преговори независно од спорот со Грција, пресуда во Хаг која јасно ги лоцира сите проблеми на надворешно политички план. 

Според тоа ние сме пред портите на ЕУ и наскоро ќе ги отвориме. Само се надевам дека на сите во државава ќе им биде мерак поради тоа и дека нема и за тоа да кукаат и мрчат.

Леонардо

Пронајдете не на следниве мрежи: