Mozilla ја поправи опасната ранливост на новата верзија Firefox 16

Компанијата Mozilla, сопственикот на третиот светски најпопуларен интернет пребарувач, ги исправила претходно откриените слабости на новата верзија на Firefox 16 и повторно ја направи достапна за преземање, соопшти  официјалната интернет страница на Mozilla.

Слабостите откриен претходно од страна на независни експерти за компјутерска безбедност, им овозможуваа на злонамерниците со помош на специјално креираната страница да пристапат до листата на интернет ресурсите што корисникот претходно ги употребувал или посетувал преку интернет пребарувачот.

По добивањето на информации за ранливоста, верзијата Mozilla Firefox 16 привремено беше отстранета од страницата за „симнување“, а корисниците коишто во меѓувреме успеале да ја „симнат“ новата ранлива програма, беа повикани да се вратат на претходната верзија 15.0.1. Сега проблемот е исправен и повторно Mozilla Firefox 16 се дистрибуира слободно.

„Ажурирањето на Firefox за Windows, Mac и Linux е поставено. Веќе поставените браузери (прелистувачи) ќе бидат ажурирани автоматски“, се вели во соопштението на интернет страницата Mozilla Security Blog.

Претставници на компанијата, исто така, истакнаа дека иако постоењето на слабостите и ранливостите биле јасно забележливи, не е регистрирано и пријавено нивно искористување за хакерски напади.

Навремената корекција на софтверските грешки е од исклучително значење за програмерите на пребарувачите, бидејќи овие слабости, заедно со грешките во оперативните системи и другиот софтвер, е една од главните можности за ширење на вируси и овозможување хакерски напади.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: