Бесплатен паркинг за натпреварот Македонија-Хрватска

Бесплатен паркинг простор околу Арената „Филип Втори“ обезбеди претпријатието „Паркинзи“ на Општина Центар, со цел побрзо движење на навивачите кон и од стадионот.

Денеска, во арената „Филип Втори” во Скопје, се одржува квалификациски натпревар меѓу репрезентациите во фудбал на   Македонија и Хрватска.

По тој повод претпријатието „Паркинзи“ на Општина Центар им излезе во пресрет  на граѓаните, со што сите зони и сектори за паркирање околу стадионот ќе бидат.

Бесплатни се паркинг зоните Дебар Маало, Буњаковец,  Соборен Храм, целата зона околу стадионот, како и зоната кај Универзалната сала.

Со ова ќе се овозможи побрзо и поефективно движење на граѓаните низ сите сектори на градот под јурисдикција на „Паркинзи“ на Општина Центар.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: