Бесплатен паркинг простор околу Арената „Филип Втори” обезбеди претпријатието „Паркинзи” на Општина Центар, со цел побрзо движење на навивачите кон и од стадионот.
Денеска, во арената „Филип Втори” во Скопје, се одржува квалификациски натпревар меѓу репрезентациите во фудбал на Македонија и Хрватска.
По тој повод претпријатието „Паркинзи” на Општина Центар им излезе во пресрет на граѓаните, со што сите зони и сектори за паркирање околу стадионот ќе бидат.
Бесплатни се паркинг зоните Дебар Маало, Буњаковец, Соборен Храм, целата зона околу стадионот, како и зоната кај Универзалната сала.
Со ова ќе се овозможи побрзо и поефективно движење на граѓаните низ сите сектори на градот под јурисдикција на „Паркинзи” на Општина Центар.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: