Баумгартнер од работ на вселената ќе скока во недела

По неуспешниот обид во вторникот, скокот на Австриецот Феликс Баумгартнер од височина од 36.576 метри е закажан за во недела. Реализацијата на мисијата Ред Бул Стратос, во вторникот беше откажана поради силниот ветер во Розвел.

Членовите на тимот се уверени дека во недела ќе можат да ги реализираат намерите и да испишат нови страници во историјата. Според тимот на Баумгартнер, во недела, условите би требало да бидат идеални околу шест часот по локално, односно 14 часот по средноевропско време. 

Баумгартнер и неговиот тим пет години се подготвувале за оваа мисија. Главна цел на целиот проект е да собере податоци кои на научниците ќе им овозможат подобрување на условите на вселенските патувања, како и да овозможат евакуација на свемирско летало на голема височина. 

Баумгартнер со својот рекорд ќе собори низа рекорди, како најголема брзина при слободно паѓање, највисок скок, највисок лет со балон и најдолго слободно паѓање. 

Австриецот досега има изведено скокови од најпознатите светски локации, Петронас кулата во Куала Лумпур и статуата на Исус во Рио де Женеиро, а го има прелетано и Ламанш.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: