Фудбалските репрезентации на Шпанија и Холандија, за играчи до 21 година, забележаа победи во првите бараж натпревари за пласман на Европското првенство во Израел.
Шпанците на домашен терен ја демолираа Данска со 5:0, додека Холандија со 2:0 победи во Словачка.
Репрезентацијата на Данска, која во квалификациите настапуваше во иста група со Македонија, во Бургос, ја потопи напаѓачот на Бенфика, Родриго Морено, кој постигна четири од петте погодоци на Шпанците. Петтиот гол за „црвената фурија“ го постигна напаѓачот на Малага, Иско, тој беше прецизен со удар од 11 метри.
Младите Холанѓани со головите на играчот на Витесе, Марк Ван Гинкел, во Братислава ја совладаа Словачка.
Преостанатите пет бараж натпревари ќе се одиграат во петок, во нив ќе играат: Англија-Србија, Чешка-Русија, Германија-Швајцарија, Норвешка-Франција и Италија-Шведска.
Европското првенство за играчи до 21 година ќе се одржи во израел од 15 до 28 јуни следната година.
Макфакс
извор: uefa.com
Пронајдете не на следниве мрежи: