На европскиот континент, во петок, со натпреварите од третото коло, продолжуваат квалификациите за пласман на СП во Бразил.
Македонија на „Филип Втори“ ја пречекува Хрватска и тој дуел е најпривлечен за спортската јавност во државата.
Што се однесува до останатите натпревари, дербито ќе се одигра во Москва, каде Русија ќе ја пречека Португалија.
Според прогнозите неизвесност се очекува на дуелите Србија-Белгија, Турција-Романија, Бугарија-Данска и Грција-Босна и Херцеговина.
Апсолутни фаворити се селекциите на Шведска, Холандија, Чешка и Англија во дуелите со Фарските острови, Андора, Сан Марино и Малта.
Финалистите од последното ЕП, Шпанија и Италија ќе имаат тешки гостувања на истокот од континентот, во Белорусија односно Ерменија.
Група А:
20:30 Македонија-Хрватска
20:30 Србија-Белгија
20:45 Велс-Шкотска
Група Б:
18:00 Чешка-Малта
19:00 Ерменија-Италија
20:00 Бугарија-Данска
Група Ц:
18:00 Казахстан-Австрија
18:00 Фарски острови-Шведска
20:45 Република Ирска-Германија
Група Д:
19:30 Турција-Романија
20:30 Естонија-Унгарија
20:30 Холандија-Андора
Група Е:
19:00 Албанија-Исланд
20:30 Швајцарија-Норвешка
20:45 Словенија-Кипар
Група Ф:
17:00 Русија-Португалија
21:00 Луксембург-Израел
Група Г:
19:30 Лихтенштајн-Литванија
20:15 Словачка-Летонија
20:45 Грција-БиХ
Група Х:
20:00 Молдавија-Украина
21:00 Англија-Сан Марино
Група И:
17:30 Финска-Грузија
20:00 Белорусија-Шпанија.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: