Мурињо: Роналдо мора да ја освои „Златната топка“

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека вистински криминал ќе биде доколку Кристијано Роналдо не го добие признанието Златна топка.

„Факт е дека Лео Меси е најдобар на светот, но затоа Кристијано е од друга планета“, рекол Мурињо во интервјуто за новиот телевизиски канал на португалскиот спортски весник Abole. 

Мурињо продолжил да дели комплименти за својот играч, истакнувајќи дека „тој не е роден во Мадера, туку на Марс“. 

„Многу е потешко да се биде Роналдо отколку Меси. Меси прерасна во врвен фудбалер со соиграчи кои добро ги познава, додека Роналдо дојде од Англија“, ги навел Мурињо причините според кои капитенот на португалската репрезентација е главниот кандидат за престижното признание. 

Трофејот Златна топка заеднички го доделуваат ФИФА и Франс фудбал, церемонија на доделувањето ќе се одржи на 7-ти јануари 2013 година во Цирих.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: