Археолозите го пронајдоа местото каде Брут смртно го избоде римскиот воен и политички водач Гај Јулиј Цезар, врз основа на добро документирани докази, во делот на Рим кој се нарекува Торе Аргентина и денес е обична автобуска станица.
Местото годишно го посетуваат повеќе од милиони туристи, имајќи предвид дека станува збор за големо археолошко наоѓалиште од периодот на Римското царство.
Атентатот врз Цезар се случил на 15-ти март 44 година пред нашата ера, на дното на скалите коишто се наоѓаат во градбата позната како Куриј Помпеј.
„Илјадници луѓе денес чекаат автобус и трамвај покрај местото каде што Јулие Цезар смртно беше избоден пред 2.056 години“, изјави Антонио Монтеросо, водач на шпанскиот археолошки тим, јавува Daily Mail.
Неговиот тим првпат пронашол остатоци од градба која одговара на описот од историските документи, просторија која е широка три метра и два метра длабока.
По проверката со историските документи, откриле дека се работи за место кое го изградил синот на Цезар, Август, како меморијал за убиениот татко.
„Ова откритие е доказ дека генералот е избоден на дното на Куриа Помпеја, за време на претседавањето со Сенатот додека седел на столче“, вели Монтеросо. Сепак, нагласува дека расправа за ова допрва ќе има.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: