Одлична игра на нашите репрезентативци во дуелот со селекцијата на Хрватска, кобниот момент во 60-тата минута беше клучен момент на овој меч кога при грешка на нашиот голман Богатинов, Ракитиќ сосема неочекувано го победоносниот гол за Хрватска, не смее да се заборави фактот што главниот судија на овој натпревар „прогледа“ низ прсти на Хрватите не досудувајќи пенал за нашата селекција.
Агим Ибраими за момент ја израдува преполната Арена „Филип Втори“ кога во 16-тата минута од мечот стрелаше за 1-0, настана целосен делириум, Ибраими кревајќи раце уште повеќе ја зголеми атмосферата во тој момент, момент на радост, делириум од среќа…
Но, невниманието во 33-тата минута во одбраната при корнер на Хрватска, Чорлука го искористи и израмни на 1-1.
Така гласеше првиот дел од мечот, каде Македонија играше одлично и заслужи водство, но сепак Хрватите среќно до нерешен исход во првиот дел од мечот.
Во вториот натпревар по само 15 минути игра се случи тој кобен момент кој не врати многу наназад, Мартин Богатинов при голема грешка прими сосема неочекуван гол и Хрватите преку Ракитиќ веќе поведоа со 1-2 што беше и крајниот епилог од овој меч.
Фото:vecernji.hr
Пронајдете не на следниве мрежи: