Марфиевите закони кои дефинитивно се едни од оние кои предизвикуваат најголема игра со вашите нерви, а се неизбежен дел од вашето секојдневие.
Да погледнеме кои се тие марфиеви закони на автомобилите.
– Ќе ви се дупне гума баш кога ќе немате резервна. Ова ќе се случи откако некој ќе ве потсети дека треба да набавите резервна…Таа личност ќе биде во автомобилот.
– Осамената раскрсница никогаш нема сообраќај, се додека вие не се обидете да ја преминете.
– На која и да страна застанете од бензинската пумпа, резервоарот ќе се наоѓа од спротивната страна.
– Вашето дете секогаш ќе заспие во автомобилот пет минути пред да пристигнете на посакуваното место.
– Црвеното светло секогаш трае подолго од зеленото.
– Без разлика колку брзо возите на личноста позади вас секогаш и се брза повеќе.
– Кога вашиот автомобил ќе се расипе и е потребна мала поправка, механичарот ќе мора да го извади моторот за да дојде до расипаниот дел.
– Никогаш нема да можете да го демонстрирате ниту пак опишете чудниот звук што доаѓал од вашиот автомобил, секогаш кога ќе го однесете на автомеханичар.
– Ако нема гужва тогаш ќе има работа на патот.
– Колку повеќе касните, толку се поголеми шансите да ги фатите сите црвени светла по патот.
Погледнете ги следниве статии
Марфиеви закони на љубовта
Марфиеви закони за се останато
Џиновско око најдено на плажа во Флорида
Пронајдете не на следниве мрежи: