Осум тони кокаин во вредност од 500 милиони евра биле запленети во понеделникот во пристаништето Анверс, во северна Белгија, што е едно од најголемите количества дрога запленети кога и да е во Европа, објавија во петокот белгиските власти.
Кокаинот кој потекнувал од Еквадор, бил сокриен во сандаци со банани и наменет за холандскиот пазар. Полицијата во сандаците пронашла речиси седум илјади пакети кокаин малку потешки од еден килограм.
Тоа е рекордна заплена на дрога во Белгија, и втора по количеството во Европа досега.
Во акцијата е уапсен 46-годишен белгиски возач кој го возел камионот и четворица Холанѓани коишто ги истоварувале сандаците.
По заплената на дрогата, бананите се подарени на зоолошката градина во Ротердам.
Според извештајот на Обединетите нации, Европа е вториот светски пазар на кокаин. Главната влезна земја е Шпанија, бидејќи производство на кокаин главно се одвива во земјите во Латинска Америка.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: