Астероидот Веста имал магнетно поле во младоста на Сончевиот систем

Магнетните „траги“ сочувани во карпите на метеоритот ALHA81001 по сударот на астероидот Веста со друго небеско тело пред 3,6 милијарди години, укажува на тоа дека Веста имала многу слабо магнетно поле во младоста на Сончевиот систем, се вели во статија објавена во магазинот Science. 

Дел од планетите во Сончевиот систем, вклучувајќи ги Земјата, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун имаат силно магнетно поле. Се верува дека постоењето на магнетната школка на овие планети се должи на работата на ткн „магнетно динамо“ – континуирано движење на растопен метал во течното јадрото на планетата. Слични текови нема во јадрата на современите Марс и Венера, што го објаснува многу слабото или отсуството на магнетно поле на овие планети.

Тим планетолози под раководство на Роџер Фу од американскиот Институт за технологија во Масачусетс (САД) се обиделе да проверат дали имал астероидот Веста, „мртвиот“ ембрион на планетата со железно јадро со радиус од 100 километри, сопствено магнетно поле во периодот на младиот Сончев систем.

Авторите на статијата го нагласуваат фактот дека многу мали метеорити кои паднале на Земјата, биле „магнетизирани“ како резултат на сударите на „родителскиот“ астероид со други вселенски тела коишто имале сопствено магнетно поле. Конкретно, такви „траги“ биле регистрирани во метеоритот ALHA81001, која паднал на Земјата во областа на планината Алан Хилс во Антарктикот во 1981 година.

Како што сметаат Фу и неговите колеги, овој метеорит кој некогаш бил дел од Веста, се состои од „вестијански“ вид евкрит, еден од трите клучни минерали, од кои се состои внатрешноста на астероидот. Научниците изделиле 13 мали фрагменти од телото на метеоритот, го проучувале нивниот хемиски состав и ги тестирале нивните магнетните својства.

Се покажало дека сите парчиња од метеоритот биле магнетизирани во иста насока, што укажува на постоењето на доволно силно магнетно поле во внатрешноста и на површината на астероидот. Авторите на статијата ја измериле магнетизираноста на најотпорните на демагнетизирање карпи и ја пресметувале силата на магнетното поле на Веста.

Според нивните пресметки, магнетното поле на Веста било многу слабо, неговата вредност варирала од 2 до 12 микротесли, што е неколкупати помалку од вредностите за Земјата и другите планети со свои магнетни полиња. Сепак, ова искуство покажа дека магнетното поле на Веста и придружното „динамо“ сѐ уште постоело.

Фу и неговите колеги веруваат дека метеорит ALHA81001 се откорнал од Веста откако нејзиното „магнетно динамо” запрело. На тоа укажува релативно „младата“ возраст на метеоритот – 3,6 милијарди години. Како што појаснуваат научниците, магнетното динамо можело да опстои во малото јадро на Веста, само неколку десетици милиони години пред неговото целосно ладење и излевање.

На овој начин авторите успеаја да покажат дека на Веста постоело слабо магнетно поле во првите моменти од животот на Сончевиот систем. Ова откритие ја нагласува необичната природа на Веста и нејзиниот статус како мртвиот „зародиш“ на планетите, заклучуваат авторите на статијата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: