Friends with benefits-4 правила кои мора да ги почитуваат

Во денешно време, 'пријателство со бенефиции' стана доста практикувано. Луѓето се плашат од обврски и повредувања па затоа и наоѓаат начини да го добијат она што е добро од една врска…бенефициите нели? Доколку сте се одлучиле да влетатате во врска без обврски, за да излезете неповредена од таа врска морате да почитувате неколку правила. 

 

 

Не се убедувајте дека таа врска е посериозна од тоа што е

Без оглед на тоа колку луѓето кои се влезени во таква врска се обидуваат да не се заљубат, сепак неминовно е дека ќе се создаде некаква блискост и поврзаност. Тоа не значи дека девојките би се заљубиле, многу често тоа го прават и мажите. Сепак доколку било кој од нив почувствува некакви емоции, би требало да го прекинат тоа што го прават особено доколку другата особа јасно даде до знаење дека не сака никаква врска. Немојте да се обидувате да го менувате нивното мислење. Почитувајте го тоа што сте го имале и започнете од почеток.

Напредувајте чекор по чекор

Немојте веднаш да го прекинувате тоа што сте го имале со 'пријателот', ако сте запознале некој кој ви се допаѓа и мислите дека имате некаква иднина. Избегнувајте донесување на било каква голема и важна одлука се додека не ви е расчистено каков е тој нов дечко во вашиот живот.

Немојте да бидете во исто друштво

Спрема својот 'пријател со бенефиции' би требало да се однесувате како со замислен пријател. Ќе биде таму кога ќе ви биде потребен, но нема да биде во вашиот друштвен живот. Доколку го повлечете во својот секојдневен живот, тогаш несомнено е дека сакате да започнете сериозен живот.

Не треба да постои љубомора

Вашиот 'пријател' не ваш дечко. Затоа ако дознаете дека тој бил и со друга девојка, тоа не значи дека тој ве изневерувал. Истото важи и за вас. Слободни сте и можете да бидете со кого сакате. Затоа и сте пријатели. 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Митови за љубовта кои ни го згорчуваат животот

Предностите на сексот за една ноќ 

Пет машки навики кои ги нервираат жените

Пронајдете не на следниве мрежи: