Шок поради случајот со мртвото девојче на YouTube

Случајот на 15-годишното девојче кое е пронајдено мртво само пет седмици откако на YouТube постави потресно видео во кое опишува како трпела малтретирање, ги шокира сонародниците Канаѓани и целиот свет.

Аманда Тод во 9-минутна снимка од 7 септември, на која се гледа нејзиното лице, својата животна приказна ја изнесе до детали, испишувајќи на листови хартија што и’ се случило и ги покажува на камера.

Имено, неа некој ја натерал пред камера на интернет да ги покаже голите гради кога имала 13 години.

Фотографијата која била тогаш направена се нашла на Facebook на тој човек кога отворил профил, а притоа ги упатил сите нејзини другарки на таа страница, пишува AP.

Следеле години страв, депресија, а Аманда за утеха почнала да пие и да се дрогира.

Бидејќи врсниците ја малтретирале го сменила училиштето неколкупати, додека нејзината фотографија кружела по интернет.

Таа еднаш била и претепана, по што се обидела да се самоубие, пиејќи варикина.

На последните листови на видеото Аманда пишува: „Немам никого. Потребен ми е некој, моето име е Амада Тод“.

Нејзината мајка вели дека мал момент на непромисленост го уништил живото на нејзината ќерка, која со снимката сакала да им помогне на многуте млади кои се злоставувани.

Веста за смртта на Аманда Тод во петокот предизвика бурни реакции на Tweeter и на Facebook, а стручњаците и криминолозите укажуваат дека треба да се прошират законите за спречување на злоставување на интернет.

Резултатите од прелиминарната истрага покажуваат дека станува збор за самоубиство, а случајот покрена прашање кога проблемите што младите ги изнесуваат на социјалните мрежи ќе се сфатат посериозно.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: