Коктел мајсторот Салватор Калабрезе успеа да го подготви најскапиот коктел до сега направен. Цената на коктелот е 5500 фунти (тоа е околу 8,800 $).
Се прашувате од што се состои овој луксуз?
Во него се комбинирани 40мл од 1788 Clos de Griffier Vieux Cognac, 20мл 1770 Kummel Liqueur, 20ml од 1860 Dubb Orange Curacao и две капки од Angostura Bitters од 1900.
Со овој коктел, тој требаше да го резервира своето место во Гинисовата книга на рекорди, но овластените за Гинисовата книга сеуште не го потврдуваат тоа, бидејќи во Дубаи се прави обид да се направи уште поскап коктел.
Калабрезе својот коктел го нарекува 'течна историја во чаша', Видеото е можеби малку апсурдно, кога Калабрезе гордо ги покажува пијалаците кои ги користи, фотографирајќи го како го миксира најскапиот коктел на светот. Кога веќе го правите најскапиот коктел на светот, и кога се потрошени толку многу пари на него, зашто не би направиле шоу од тоа…
Погледнете ги и следниве статии:
Angry Birds во Star Wars верзија
Fаcebook и Twitter поинтересни од сексот
Доставувач на пица убиен поради доцнење
Пронајдете не на следниве мрежи: