За сите оние кои стандардниот Porsche Cayene Turbo нема доволно сила, произведувачот од Штутгарт спреми уште посилна верзија од својот кросовер.
Cayenne Turbo S носи 4.8 – литарски V8 мотор со додатна сила и поголем обртен момент, па сега може да се пофали со 542 КС и 750 Нм, што му овозможува до „стотка“ да забрза за 4.5 секунди, што е за две десетинки побрз од регуларниот модел.
Максималната брзина е за 5 км/ч поголема и износува 283 км/ч. Важно е да се напомене и економичноста на моторот, при што потрошувачката изнесува 11.5 литри на 100 км.
Што се однесува до цената, таа е за 30.00 евра повисока во споредба со регуларниот модел, односно 151.702 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: