Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, ја освои пол позицијата во пресрет на 15-та трка во кралската класа во Мото ГП првенството, Големата награда на Јапонија.
Шпанецот до својата јубилејна, 50-та пол позиција во кариерата стигна со време од 1:44.969 минути, на патеката Твин Ринг Мотеги.
Покрај Лоренцо од првиот стартен ред трката ќе ја започнат неговиот сонародник и единствен конкурент во борбата за титулата Дани Педроса (Репсол Хонда) и возачот на Јамаха Тех 3, Кал Крачлоу.
Зад најдобрите тројца трката ќе ја започнат Бен Спиз (Јамаха), Алваро Баутиста (Сан Карло Хонда Гресини), Андреа Довициозо (Јамаха Тех 3).
Бранителот на титулата, Кејси Стонер, кој по повредата и пропуштените три трки се враќа на тркачките патеки ќе стартува од седмата позиција.
Трката за ГН на Јапонија ќе се вози во недела со почеток во 7 часот по средно европско време.
Макфакс
извор: макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: