Политичкиот систем на Кина ќе „заврши со експлозија во одреден момент“ бидејќи е ригиден и нееластичен за да го издржи сѐ поголемиот притисок на социјалните мрежи како Weibo, кинеската верзија на Twitter.
Ова го проценува славниот американски политиколог Френсис Фукујама во разговорот за блогот на новинската агенција AFP – Geopolitique.
„Кина е огромна земја којашто отсекогаш имала проблем со информациите. Царот не можел да знае што се случува во другите провинции“, анализира на Фукујама, познат меѓу другото и по една од неговите најпознати книги „Крајот на историјата и последниот човек“.
„Токму тоа е проблемот и на Комунистичката партија на Кина: во отсутноста на слободните медиуми, локалните избори, не е можно да се знае што луѓето мислат, па властите тоа го компензираат со механизмите за надзор. Тоа е една од причините поради коишто мислам дека системот ќе експлодира. Во одреден момент. Додека економијата забавува, никој навистина не знае што се случува, бидејќи власта се поттикнува на лажење за производството во нивните области. Луѓето не им веруваат на статистиките.“, вели Фукујама.
Според еден од најголемите мислители на денешницата, социјалните мрежи го олеснуваат „раѓањето ан националната свест којашто не постоеше во времето на медиумите под контролата на комунистичкиот режим“. Притоа, Фукујама како пример ја наведува железничката несреќа од јули 2011 година, која загинаа 40 луѓе. Кинеските власти се обидоа тоа да го забошотат, меѓутоа на тамошната популарна социјална мрежа Weibo веднаш се појавија фотографии од несреќата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: