Мино Рајола: Ибра никогаш не говори за Барселона

 

Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ демантира дека неговиот клиент ја нарекол Барселона просечен тим, а италијанскиот напаѓач Марио Балотели, просечен фудбалер.

„Ибрахимовиќ никогаш не говорел за Барселона и Балотели. Марио е еден од најдобрите напаѓачи на светот, а во оваа ера на комуникации, секој мисли дека може да напише што сака. Нема да дозволам да се измислуваат вести без каква и да е проверка“, рекол менаџерот на Ибрахимовиќ, Мини Рајола. 

Портал од Хундурас, во петокот ја пренесе неговата наводна изјава: „Мислам дека на Балотели повеќе ќе му одговара да премине во Барселона, отколку во Реал. Просечен играч за просечен тим“. 

Ибрахимовиќ една сезона мина во Барселона, каде пристигна од Интер за сума од 46 милиони евра, во трансферот беше вклучен и Самјуел Ето. По недоразбирањата со тогашниот тренер на Барса, Пеп Гвардиола, Ибра од Барселона за сума од 24 милиони евра замина во Милан. 

Шведскиот напаѓач во две од трите сезони, во кои беше играч на Интер, беше соиграч со Балотели.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: