Нашиот селектор е на големи маки по поразот од Хрватската селекција, Горан Пандев поради суспензија заради жолти картони ќе отсуствува на мечот со Србија, а како што изјави селекторот на вчерашниот прес по мечот, повредата на Шиков ќе го одалечи нашиот одбранбен фудбалер од престојниот дуел со Србија.
Се чини дека околу позицијата односно местото на Ванче Шиков веќе е се јасно, најверојатно неговото место би го заменил Бобан Грнчаров кој и на натпреварот со Хрватска беше првата негова замена во 75-тата минута кога Шиков беше повлечен поради повреда.
Но, тука е позицијата на Горан Пандев па се отвораат некои дилеми кои не се само за името на играчот туку и за тактиката која ќе се смени со самото неиграње на Горан Пандев.
Постојат неколку варијанти, но, логиката би не упатила на тоа дека најверојатно Ферхан Хасани ќе го замени Пандев на дуелот со Србија. Хасани е форсиран од клупата кога станува збор за нападот, додека пак Глигоров, Шумуликовски и Демири се користат за задачите во средина. Останува отворено прашањето дали Чеде би настапил со 2 напаѓачи против Србија, или со еден полушпиц и еден класичен напаѓач.
Пронајдете не на следниве мрежи: