Консумирањето чоколада ги јакне когнитивните способности кои се „услов без кој не се може“ за да се добие Нобеловата награда, а постои блиска корелација во количеството изедена чоколада во секоја земја и бројот на добитници на Нобеловата награда.
„Постои блиска, линеарна корелација меѓу консумирањето чоколада по глава на жител и бројот на добитниците на Нобеловата награда на 10 милиони лица во 23-те земји за коишто се проучени податоците“, се наведува во студијата на професорот Франц Масерли од Универзитетот Колумбија, објавена во британскиот магазин New England Journal of Medicine.
Флавоноидите, антиоксиданси кои се наоѓаат во какаото, зелениот чај, црвеното вино и некои овошја, се „ефикасни во забавувањето или дури и обратно од намалувањто на когнитивните перформанси кои се јавуваат со стареењето”, пишува Месерли.
„Потрошувачката на чоколадата хипотетички може да го подобри когнитивната функција не само на поединци, туку и на целата популација, па се прашував дали ќе има корелација меѓу нивото на потрошувачка на чоколада во една земја и когнитивната способност на нејзиното население“, објаснува Месерли.
Очекувано на самиот врв на оваа листа е Швајцарија, а кон средината се САД, Франција, Германија, додека при крајот на списокот доаѓаат Кина, Јапонија и Бразил.
„Швајцарија е најдобра, и според бројот на добитниците на Нобеловата награда, и според консумирањето чоколада“, вели Масерли.
Меѓутоа, постои исклучок кој го потврдува правилото, имено според овој метод, би се очекувало дека Швеѓаните, коишто годишно јадат 6,4 килограми чоколадо по глава на жител, да имаат 14, но имаат 32 нобеловци.
„Можеби комитетот во тој случај има некои други патриотски причини или Швеѓаните се извонредно отпорни на позитивните ефекти на чоколадата, па им е потребно помало количество за да ги подобри нивните когнитивни способности“, вели Масерли.
Според него, за да се почувствуваат позитивните ефекти, минималното количество изедено чоколадо треба да изнесува два килограма.
Сепак, овие заклучоци се само хипотези и мора да се потврдат во некое идно истражување. Тие се темелат на податоците за просечното консумирање чоколада по државите, а не по поединечното внесување на овој прехранбен артикл кај добитниците на Нобеловата награда.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: