Причини поради кои останувате во лоша врска

Секоја жена барем еднаш во животот била во врска со која не фукционира, но свесна за тој факт останува во неа од неколку причини. Еве кои се тие:
1, Идиот е, ама сексот е добар
Класичен пример за изговор. Овој изговор мора да признаеме е доста солиден, бидејќи добриот секс знае да ни го помати здравиот разум, но сепак, не постои доволно добар секс за да останете со нега ако тој е навистина идиот.
2, Веќе живееме заедно
Знаеме дека преселувањето е тешко, напорно и мачно, но фактот дека живеете заедно никако не може да биде причина за да останете со човекот кој не ви одговара. Ако сте го купиле станот заедно со подигнување на кредит, работите навистина се многу покомплицирани, но не смеете да ја жртвувате вашата среќа поради моментална состојба со недвижностите.
3, Тој чисти и готви…
Иако не сте заљубена, спремна сте да останете со него поради тоа што ви го олеснува животот? Никако немојте да останувате во врска поради ваква причина. Размислете што е поважно, вашата среќа или чистиот стан.
4, Никогаш нема да најдам волку успешен човек
Многу жени размислуваат на овој начин, но за жал тој е погрешен. Иако сметаат дека мажот покрај нив е успешен и дека не се доволно убави за повторно да најдат таков човек, сепак треба да размислат дали во таа врска треба да постои и љубов…
5, Моето семејство го прифаќа
Секогаш е предност кога вашето семејство го обожава вашиот нов дечко, но тие не мора да живеат со него. Морате да најдете човек со кој вие ќе бидете задоволна и среќна, а и вашето семејство ќе биде среќно за вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.