Американска нуклеарна подморница се судрила со крстосувач во текот на редовен маневар во саботата на источниот брег на САД, а во инцидентот нема настрадани, јави телевизиската мрежа NBC News.
Претставници на Пентагон потврдиле дека подморницата „ Montpelier“ и крстосувачот „San Jacinto“ по инцидентот продолжиле да пловат на сопствен погон, како и дека е отворена истрга за овој случај.
USS „Montpelier“ е подморница на нуклеарен погон од класата Лос Анџелес, а плови од 1991 година, додека USS „San Jacinto“ е крстосувач од класата Иџис е дел од американската воена морнарица од 1998 година.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: