Самарас очекува договор со „тројката“ до 18-ти октомври

Грчкиот премиер, Антонис Самарас, изјави во интервју за грчкиот весник Kathimerini објавено во неделата дека очекува договор со доверителите од „тројката“ (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) пред самитот на ЕУ на 18-ти октомври.

„До тоа време ние, прво целосно ќе го комплетираме договорот за приоритетните фискални и структурни мерки потребни за распределбата (на следната транша). Второ, Европа и ММФ, очигледно, ќе мора да ги надминат разликите во нивните процени во однос на тоа како да се обезбеди стабилноста на долгот“, вели Самарас.

Грција не може да го сервисира својот долг од повеќе од 380 милијарди евра од 2010 година, откако западна во должничка и буџетска криза. На Атина ѝ беа одобрени заеми од ЕУ и ММФ во вкупна висина од речиси 280 милиони евра во замена со програма за жестоки буџетски штедења и намалување на трошоците. За да се исполнат целите на програмата за наредните две години, Грција треба уште повеќе да ги намали трошоците по 12 милијарди евра годишно (околу 5отсто од БДП). Без овие намалувања кредитори одбиваат да ја обезбедатследната транша од 31,5 милијарди евра. Ситуацијата на грчката влада е влошена и од големиот економски пад и зголемувањето на невработеноста. Грчкото БДП падна во 2011 година за 7,1отсто, а стапката на невработеност надминува 25проценти од економски активното население.

Седмицава Атинаја посети германската канцеларка Ангела Меркел, земјата која е еден од главните донатори во европските стабилизацискифондови, вклучително и на Грција. Меркел рече дека ги поддржува напорите на владата на Самарас за реформа на економијата, но не го гарантира издавањето на следната транша, повикувајќи се на потреба да се сочека извештајот на „тројката“меѓународни експерти за тоа како се исполнува програмата за структурните реформи и штедењата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: