Претседателот на Бундестагот за запирање на проширувањето ЕУ

Претседателот на германскиот Бундестаг, Норберт Ламерт во разговорот за дневникот Welt am Sonntagсе изјасни за запирање на процесот на проширување на Европската унија, вклучувјаќи го и веќе планираното влегување на Хрватска.

„Ние мораме, токму поради искуството со Романија и Бугарија, најновиот извештај на Европската комисија за напредокот да го земеме сериозно. Хрватска сѐ уште очигледно не е подготвена за влез“, изјави претседателот на германскиот парламент (Бундестагот) Норбер Ламерт од Христијанско-демократската унија CDUво разговорот за неделното издание на весникот.

Ламерт натаму вели дека земјите што се формираа со распадот на Југославија имаат перспектива за влез во Европската унија, но дека самите мора да создадат услови за влегувањето. Притоа, како што вели првиот човек на Бундсестагот, предвид треба да се земат само конкретните постигнати резултати во исполнувањето на условите за влез во ЕУ. „добрите намери и ветувањата не би смело да стане замена за докажаните промени“, вели Ламерт.

Претседателот на германскиот Бундестаг истовремено смета дека ЕУ во овој момент не е подготвена за натамошни проширувања, туку ѝ е потребна консолидација.

„Пред нас е многу неопходната задача во врска со консолидацијата на Унијата коешто е потребно да се реши во најкусиот можен рок и затоа мислам дека амбицијата за проширувањето не би смеела повторно да ја потисне неопходната стабилизација“, вели Ламерт. Оттаму тој смета дека ЕУ во блиско време не е способна за нови проширувања.

Политичарите од коалиција на демохристијаните CDU/CSU и претходно во неколку наврати се изјаснуваа за запирање на процесот на проширување на Унијата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: