Дани Пердоса, возачот на Репсол Хонда, победи на 15-та трка во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Јапонија.
Шпанецот патеката „Твинг Ринг Монтеги“ ја мина со време од 42:31.569 минути и ја забележа 43-та победа во кариерата.
Победата на Педроса беше четврта за него на последните пет трки, со што дополнително го зголеми притисокот врз Хорхе Лоренцо во борбата за шампионската титула.
Лоренцо, кој стартуваше од пол позицијата, трката на својата Јамаха ја заврши на второто место, додека трет беше возачот на Сан Карло Хонда Гресини, Алваро Баутиста.
Бранителот на титулата, Кејси Стонер, кој поради фрактура на ногата ги пропушти последните три трки, во Јапонија го освои петтото место, пред него заврши Андреа Довициозо.
Првенството во Мото ГП шампионатот ќе продолжи следниот викенд, кога на патеката „Сепанг“ ќе се вози трката за ГН на Малезија.
Лоренцо на три трки до крајот на првенството има 28 бодови предност во однос на Педроса.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: