И повторно Марфи и неговите закони. Овој пат на полето од физиката.
– Никогаш не е добро да му дадете до знаење на вашиот електронски апарат дека ви се брза.
– Никогаш нема време за да се направи како што треба, но секогаш има време истото да се направи од почеток.
– Најголемите откритија се направени по грешка.
– Ќесата која ќе се скине, е онаа во која се јајцата.
– Постојат две нешта на земјата кои се универзални: водород и глупост.
– На која страна и да се завртиш кога влегуваш во лифт, копчињата ќе бидат на спротивната.
– Ако се заглави примени сила. Ако се скрши и онака требаше да се замени.
– Колку е поладна плочата на рендген апаратот, толку поголем дел од телото треба да го прилепиш на неа.
– Ако на крајот добиеш погрешно решение, пробај да го помножиш со бројот на страната.
– Работи подобро ако го вклучиш.
Пронајдете не на следниве мрежи: