Американскиот произведувач на автомобили ''Generals motors'', размислува својата интеграција да ја продолжи со тоа што ќе ги спои француската марка на автомобили 'Peugeot' во која има голем удел во нејзиниот капитал и својата подружница во германските произведувачи 'Opel'.
Проектот предвидува создавање на една компанија, во која и двата произведувачи би имале еднаков удел. Овие гласини не сакаше да ги коментира 'Peugeot', додека 'Opel' ниту ги негираше ниту ги потврди.
Планот за интеграција до крајот на годината ќе му биде предаден на тимот кој го води 'Peugeot', бидејќи сеуште е во истражувачка фаза.
До оваа идеа е дојдено поради европската криза на произведување на автомобили кои бележат големи загуби.
'Peugeot' има загуби од 880 милиони евра само од првата половина на 2012 година, а објави дека се планираат откази за околу 1000 вработени. Generals Motors во првата половина на 2012 бечежи загуби од 650 милиони евра.
Погледнете ги и следниве статии:
Citroen ja претстави новата C-Elyesee
Најпопуларна боја за автомобили е …
Porsche Cayenne Turbo S – поголема сила и брзина
Пронајдете не на следниве мрежи: