Ерменски авион добил дозвола за полетување над територијата на Турција откако бил подложен на проверка на аеродромот во Ерзурум во источниот дел од земјата, јави турскиот телевизиски канал NTV.
Според податоците со коишто располага телевизијата, ерменскиот авион побарал дозвола за прелет преку официјалните канали. „Доколку при увидот нема никакви проблеми, авионот ќе го продолжи пaтот“, јави претходно NTV.
Според телевизискиот канал CNNTurk, кој се повикува на извор во турското министер за надворешни работи, транспортниот авион летал од ерменската престолнина Ереван за сирискиот град Алепо, за да достави хуманитарна помош таму. Турските власти биле известени за товарот во авионот, но сепак турската страна одлучила да го провери товарот.
Авионот беше приземјен во Ерзурум во 11:30 по локално време, објавија локалната контрола на безбедноста на воздушниот сообраќај, истакнувајќи дека детален извештај ќе биде издадена од управата за цивилно воздухопловство.
Според турските полициски служби, ерменските власти знаеле дека авионот ќе биде прегледан.
„Турските власти по испитувањето на ерменскиот карго авион на аеродромот во Ерзурум во источниот дел на земјата издадоа дозвола да го продолжи летот во сирискиот град Алепо“, изјави турскиот вицепремиер Булент Аринч.
„Ние го проверивме авионот и го испративме. Покажавме сериозност во врска со ова прашање“, додаде вицепремиерот Аринч..
Претходно беше објавено дека Турција одобрила користење на нејзиниот воздушен простор на авиони од Ерменија, за транспорт на хуманитарна помош во Сирија, под услов да бидат прегледани. За ова однапред била известена ерменската страна.
Турскиот министер за транспорт, Бинали Јилдирим, изјави дека ерменскиот авион направил „техничко слетување”, односно, тој не бил принуден да слета. „Пилотот самиот донесе одлука да слета, тоа беше техничко слетување“, изјави шефот на турското министерство за транспорт.
Ерменското министерство за надворешни работи, пак, од своја страна изјави дека слетувањето било планирано.
Односите меѓу Турција и Сирија остро се влошија на почетокот од октомври кога во турскиот округ Акчакале падна минофрлачка ракета истрелана од сириска територија, при што загинаа пет цивили и 11 беа ранети. Како одговор на тоа Турција возврати со артилериски оган кон сириска територија врз позициите на регуларната сириска армија при што беа убиени неколку нејзини борци. Исто така, турскиот парламент на 4-ти октомври донесе одлука со којашто на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и’ одобри едногодишен мандат за прекугранични воени операции, вклучувајќи и во однос на Сирија.
На 10-ти октомври сириски патнички авион „Airbus A320“ со 35 патници од кои 17 руски државјани, на лет од Москва за Дамаск од страна на турските борбени авиони „F-16“ беше принуден да слета на аеродромот во Анкара. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган тврдеше дека со товарот што го носел сирискиот патнички авиони биле прекршени прописите за цивилното воздухопловство авиони за превоз на воени товар. Претходно, некои медиуми цитираа извор од турските владини структури информираа дека турските воени воздухопловни власти добиле информации за товарот што го превезувал авионот, 12 сандаци технички елементи за радарски одбранбени системи, па затоа ги испратиле ловците да го пресретнат.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека товарот на авионот присилен да слета во Турција, се содржел од електрична опрема за радар, со двојна намена, што не е забрането со сите меѓународни конвенции и тој бил транспортиран легално. Тој додаде дека Русија сé уште бара од турската страна оцена за инцидентот
Извор: Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: