Праисториски луѓе јаделе панди?

Националниот симбол на Кина, пандата, во праисториско време на луѓето им служела како храна, тврдат научници.

Веј Куангпајо, вели дека праисториските луѓе јаделе панди на подрачјето на денешниот град Чунгчинг, пренесува AP.

Веј, кој е шеф на институтот за палеоантропологија во музејот во Чунгчинг, вели дека фосилните остатоци од панди покажуваат дека луѓето некогаш ги убивале.

„Во примитивните времиња, луѓето не убивале животни без причина“, и затоа се смета дека пандите се користени како храна, додава научникот.

Објаснил и дека пандите тогаш биле многу помали од сегашните потомци. Дивите панди живееле во високите планини на Чингчинг пред 10.000 до милион години.

Кинеската влада многу инвестира во проучувањето на пандите и нивниот опстанок. Во дивината има околу 1.600 панди, а се загрозени од недозволен лов и индустрискиот развој.

Повеќе од 300 панди живеат во заробеништво, повеќето во рамки на кинеските проекти за размножување.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: