Куќата на Елвис во Лос Анџелес на продажба

 

Куќата на Беверли Хилс во кој живеел „кралот на рокенролот“ Елвис Присли е ставена на продажба по цена 13 милиони долари.

Во вилата со четири спални соби и пет бањи, која се наоаѓа на земјиште со површина од 4.800 квадратни метри, славниот пејач и подоцна актер живеел со својата тогашна сопруга Присила Присли. Двојката куќата ја купила во 1967 година, а во неа живееле до 1963 година, кога се развеле.

Куќата во Лос Анџелес, обожувачите на Елвис Присли редовно ја посетуваат, како и неговиот друг легендарен дом Грејслен во Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси.

Елвис Присли почина во 1977 година, на 42-годишна возраст. Годинава околу 755 илјади обожаватели на Присли одржаа бдение со запалени свеќи пред неговата куќа на Беверли Хилс, одбележувајќи ја 35-годишнината од неговата смрт.

Извор: Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: