Инфлацијата во Кина во септември бележи намалување, што и остава простор на владата да преземе мерки за стимулирање на домашната економија, чиј раст забавува, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот.
Кинеската инфлација минатиот месец се спуштила на 1,9 отсто, од два отсто во август, при што политички осетливите цени на храната бележат раст од 2,5 отсто, наспроти 3,4 отсто забележани во август.
Падот на инфлацијата му дава простор на Пекинг да ги намали каматните стапки со цел поттикнување на потрошувачката, како би се спречило најголемото забавување на втората по големина светска економија од глобалната криза во 2008 година.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: