четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во фотографија на Меси криел марихуана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Љубовта кон фудбалот не му донесе среќа на триесетгодишен Колумбиец кој се обидел во портретот на аргентинска ѕвезда Лионел Меси да прокриумчари поголемо количество марихуана.

Колумбиецот патувал со автобус и покрај себе ја имал фотографијата на фудбалската суперѕвезда во голема рамка, меѓутоа не минал незабележано при редовната сообраќајна контрола во близина на градот Баранквиља, помало пристанишно место во северна Колумбија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Рамката со фотографија на познатиот фудбалер го привлекла вниманието на полицајците, коишто забележале дека фотографијата ја нема целосно вообичаената форма, појасни колумбиската полиција.

Во дуплото дно откриени се повеќе од десет килограми марихуана.

Извор: Макфакс

Поврзани вести