BBC тврди Фетел потпишал со Ферари

Фелипе Маса и следната сезона ќе вози во Ферари, но од 2014 година неговото место во тимот ќе го заземе Себастијан Фетел, пишува британскиот „BBC“.

Извори од Ферари, откриле дека германскиот возач веќе потпишал договор, со кој ќе му се придружи на италијанскиот тим доколку процени дека има болид со кој ќе може да се бори за титулата. 

Маса ја спаси оваа сезона со последните две трки, во Јапонија беше втор, а во Кореја заврши на четвртото место. 

Следната сезона ќе биде осма за Бразилецот во болидот на Ферари, а задоволство од неговите последни настапи искажа и шефот на тимот Стефано Доменикали. 

„Многу добро, многу сум среќен. Одлично ја одработи последната трка, исто така беше добра во квалификациите. Ве интересира кој ќе вози за нас во следната сезона? Многу бргу ќе дознаеме“, изјавил Доменикали. 

Фернадо Алонсо има право да гласа за тоа кој ќе му биде колега во тимот, а претпоставките се дека тој полесно ќе го прифати Фетел отколку Хамилтон.

По повод овие тврдења се огласија и од Ред Бул, од каде тврдат дека Фетел е нивни возач до крајот на 2014 година. Марко Хелмут, десната рака на сопственикот на тимот Дитрих Матешиц, призна дека во договорот на актуелниот светски првак, постои клаузула според која тој може да го напушти тимот порано. 

Ред Бул може следната година да остане без возачи, бидејќи реална е опцијата Марк Вебер да замине во пензија. 

Себастијан Фетел, освојувач на последните две титули во првенството на Формула 1, е лидер во годинешното првенство, на четири трки до крајот на сезоната тој има шест бодови предност во однос на Алонсо.

 

Макфакс

извор: bbc

Пронајдете не на следниве мрежи: