Почина ненадејно пингпонгарот Александар Атанасовски – Мац во својата 63-та година, соопштуваат од Македонскиот олимписки комитет.
Атанасовски целиот свој живот го посвети на развојот на спортот во Македонија, и како спортист и како тренер и како спортски административец. Тој беше најдобар македонски пингпонгар на сите времиња. Беше и селектор на македонската кугларска репрезентација и под негово водство беа постигнати најдобрите резултати во историјата на македонското куглање, односно освоени беа титулите светски првак во сениорска и јуниорска конкуренција.
Александар Атанасовски – Мац беше Генерален секретар на најголемото спортско друштво ВАРДАР – Скопје.
Како истакнат спортски работник беше избран и за член на Собранието, на Олимпискиот совет и на Спортскиот директориум на Македонскиот олимписки комитет.
Погребот ќе се изврши на 16 октомври, на Градските гробишта Бутел во 13 часот.
Макфакс
извор: Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: